АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН ГО ЗАФАЌА БАЛКАНОТ – Температури до 41 степен, следува освежување за викендот

Метеоролозите советуваат зголемено внимание кај хронично болните, постарите и децата, како и при работа на отворено.

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН ГО ЗАФАЌА БАЛКАНОТ – Температури до 41 степен, следува освежување за викендот

Македонија влегува во пикот на екстремно топол африкански бран кој ќе трае до петок (27 јуни), со дневни температури меѓу 32 и 41 степен, особено во Повардарието и Скопје, каде се очекуваат максимални вредности.

Времето ќе биде претежно сончево, стабилно и суво, со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде екстремно висок – ниво 9, што значи сериозна опасност за здравјето при подолга изложеност на сонце. Граѓаните се предупредуваат да не излегуваат без потреба од 11 до 17 часот и да внесуваат доволно течности.

Од петок попладне се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а за време на викендот се најавува освежување и пад на температурите, како и засилен северен ветер.

CATEGORIES
Share This