НАТО СЕ РАСПАЃА – Четири кризи, една алијанса, нула сигурност
НАТО и во минатото се соочуваше со тензии - од Суецката криза, преку војната во Ирак, до одбивањето на Франција да учествува во заедничката воена команда

Северноатлантската алијанса се наоѓа пред еден од најтешките предизвици во своите 75 години постоење, со четири кризи кои се случуваат истовремено, предупредува „Блумберг“. Според нив, ова може да ја доведе НАТО до историски пресврт или дури и до распад.
-Безбедносна криза – Поттикната од продолжениот конфликт во Украина, кој ја троши безбедносната инфраструктура и единството на Алијансата.
-Криза на подготвеност – Европските армии се соочуваат со сериозен пад на капацитетите, што ја доведува во прашање нивната способност за брз и ефикасен одговор.
-Криза на стратешки приоритети – Соединетите Американски Држави сѐ повеќе го пренасочуваат вниманието кон Азија, оставајќи ја Европа со чувство на несигурност.
-Криза на доверба – Продлабочена со реториката и постапките на Доналд Трамп, кој го доведува во прашање ангажманот на САД во рамки на Алијансата.
НАТО и во минатото се соочуваше со тензии – од Суецката криза, преку војната во Ирак, до одбивањето на Франција да учествува во заедничката воена команда. Но, според „Блумберг“, денешната комбинација на проблеми ја прави оваа криза потенцијално најопасна.
Доволно е да се намали военото присуство на САД во Европа, да се изгуби довербата меѓу сојузниците и да се распадне стратешката кохерентност, за Алијансата да влезе во фаза на де факто распад.
И покрај сериозноста на заканите, постои и можност за позитивен пресврт:
-Европејците би можеле да ги зголемат своите воени трошоци;
-САД би продолжиле да обезбедуваат нуклеарна заштита и логистичка поддршка;
-НАТО би можел да се реформира и да ги преиспита своите цели во новиот глобален контекст.
Ќе прифати ли Доналд Трамп дека НАТО и понатаму е суштински важна и за светот, и за самите Соединети Американски Држави?


