ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПОВТОРНО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ – трета сезона меѓу европската елита

Со ова, Еурофарм Пелистер не само што ја продолжува својата европска приказна, туку и ја зацврстува својата позиција како најуспешен македонски ракометен колектив во последните неколку сезони.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПОВТОРНО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ – трета сезона меѓу европската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и оваа сезона ќе биде дел од Лигата на шампиони, најелитното клупско натпреварување во европскиот ракомет. Со добиената вајлд-карта, битолчани обезбедија учество по третпат по ред, што претставува големо признание за клубот и македонскиот ракомет.

Во конкуренција со повеќе клубови кои аплицираа за специјални покани, ЕХФ се одлучи за шест вајлд-карти, кои ги додели на:

  • Еурофарм Пелистер (Македонија)
  • Кјелце (Полска)
  • ПИК Сегед (Унгарија)
  • Нант (Франција)
  • Колстад (Норвешка)
  • ГОГ Гудме (Данска)

Овие екипи ќе им се приклучат на веќе обезбедените 10 учесници: Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, Алборг, Динамо Букурешт, Загреб, ПСЖ и Спортинг Лисабон.

Неуспешни во добивањето вајлд-карти беа тимовите на Кадетен Шафхаузен, Порто и Гросист Слован од Љубљана, кои својата европска сезона ќе ја продолжат во пониските натпреварувања – Европската лига или Европскиот куп.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампиони ќе се одржи во петок попладне во Виена, а форматот и оваа година останува ист – две групи со по осум екипи. Натпреварите започнуваат наесен, а љубителите на ракометот во Битола веќе се надеваат на подобри резултати и уште поголеми европски спектакли во спортската сала „Боро Чурлевски“.

CATEGORIES
Share This