„ОД МОБ ЗА СКОПЈЕ“ Гала концерт по повод 200 години од раѓањето на Јохан Штраус

„ОД МОБ ЗА СКОПЈЕ“ Гала концерт по повод 200 години од раѓањето на Јохан Штраус

На 5 јули 2025, со почеток од 21 часот, на платото пред Националната опера и балет ќе се одржи гала концертот „Од МОБ за Скопје“, посветен на 200-годишнината од раѓањето на виенскиот композитор Јохан Штраус.

Настапот ќе го изведе оркестарот при МОБ, во проширен состав од 80 музичари, под водство на австрискиот диригент Винценц Праксмарер. Ќе настапат и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со изведби на најпознатите валцери, арии и маршеви од творештвото на Штраус.

Концертот е резултат на соработката меѓу МОБ и Австриската амбасада во Скопје, со поддршка од државни институции и приватни партнери. Настанот ќе биде пренесуван во живо на МРТ1, а влезот е бесплатен, но со задолжителна регистрација.

„Единствена можност за музичка магија под отворено небо, во центарот на Скопје!“, порачуваат од МОБ.

CATEGORIES
Share This