ХАМНЕИ СО ОСТРИ ПОРАКИ „Ционистичкиот непријател е казнет – и тоа токму сега“
Додека светската јавност со загриженост го следи развојот на кризата на Блискиот Исток и го очекува одговорот на Иран по американските напади врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, испрати силна порака преку социјалните мрежи.
„Ционистичкиот непријател направи голема грешка, големо злосторство – мора да биде казнет и сега е казнет; поточно, тој е казнет токму сега“, напиша Хамнеи, објавувајќи фотографија на која се гледаат проектили како паѓаат врз израелски град, со череп и Давидова ѕвезда во позадина.
Изјавата доаѓа по бомбардирањето започнато на 13 јуни, кое Хамнеи го оцени како „злосторство“. Се претпоставува дека тој се однесува на последниот ракетен напад врз Израел, во кој бил истрелан проектил што бил пресретнат од израелската противвоздушна одбрана.
Советниците на Хамнеи претходно најавија дека Иран ќе реагира на американските напади, но за сега официјален одговор сè уште не е објавен. Тензиите во регионот остануваат високи.


