ТОПОЛ БРАН НА ПОВИДОК Следува екстремно жешка недела
Според најавите, веќе од вторник па сè до крајот на работната недела, температурите дополнително ќе пораснат и на некои места може да достигнат дури до 40°C.

Сончево и многу топло време нè очекува во понеделник, со температури кои ќе бидат повисоки од просекот за овој дел од јуни, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево, со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 35°C, додека минималната утринска ќе се спушти до 14°C.
Низ земјата, утринските температури ќе се движат од 7°C во Берово до 18°C во Гевгелија. Дневните максимуми ќе се искачуваат од 25°C во Маврово до 36°C во Гевгелија.
Северниот ветер, кој на моменти ќе биде умерен, ќе предизвика благо опаѓање на влажноста на воздухот и ќе овозможи освежување во утринските часови.
Граѓаните се советуваат да носат лесна и светла облека, да внесуваат доволно течности и да избегнуваат директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот.
Според најавите, веќе од вторник па сè до крајот на работната недела, температурите дополнително ќе пораснат и на некои места може да достигнат дури до 40°C.


