ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА ИЗРАЕЛ – 11 македонски државјани чекаат евакуација

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од земјата беа откажани.

ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА ИЗРАЕЛ – 11 македонски државјани чекаат евакуација

Израелските власти соопштија дека летовите би можеле да се обноват во текот на денот, зависно од безбедносната состојба на теренот.

Според информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментот 11 македонски државјани чекаат евакуација со авион. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиМТ) велат дека евакуацијата би можела да се реализира во наредните денови, зависно од развојот на ситуацијата.

Како алтернативна опција, се разгледува и евакуација по море, со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), при што Амбасадата е во редовна комуникација со македонските државјани и израелските надлежни институции.

Од Министерството потсетуваат дека првата група граѓани била евакуирана со владин авион на 17 јуни, а заклучно со 22 јуни, вкупно 27 македонски државјани изразиле интерес за евакуација. Сепак, не сите се подготвени тоа да го направат веднаш.

МНРиМТ нагласува дека, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските граѓани, сè до нивната безбедна евакуација. Воедно, упатува апел до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток, каде што безбедносната состојба е сериозно влошена.

Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:
+389 75 273 732 / +389 75 268 736

или дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:
+972 54 500 8566 / +972 54 967 054

CATEGORIES
Share This