Свесни се дека нивниот рејтинг паѓа и свесни се и дека сето она што го ветија не го исполнуваат пред граѓаните, па сега се служат со едни популистички наративи со коишто наводно ќе кажуваат во јавноста како тие се апсолутните победници. Гледаат дека СДСМ е организирана партија, дека СДСМ сериозно се подготвува за локалните избори и дека навистина ќе ги понуди пред граѓаните најквалитетните кандидати коишто ги има во своите редови, рече денеска портпаролаката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.
Ние постојано слушаме од ВМРО-ДПМНЕ, ако се вратиме во минатото, ги лажеа и граѓаните дека Европската унија ќе се распадне.
Сега ги слушаме повторно со некакви прогнози, дека ќе се распадне партијата.



