УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ ДОБИВА НОВА ДИМЕНЗИЈА Клучниот доказ криен во Народна банка?

Обвинителството посочи дека со ова апсење истрагата добива нов правец и најави проширување на обвинувањата кон лица кои, како што се сомнева, помогнале во прикривање на доказите поврзани со убиствата.

УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ ДОБИВА НОВА ДИМЕНЗИЈА Клучниот доказ криен во Народна банка?

Вработен во Народната банка на Северна Македонија, со иницијали З.Д., е уапсен по сведочењето на Велибор Манев, еден од обвинетите за свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Апсењето е потврдено од Обвинителството, кое најави дека се преземаат дополнителни истражни дејствија за расветлување на случајот.

Според сведочењето на Манев, дадено на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, З.Д. бил лицето што по налог на првообвинетиот Љупчо Палевски го уништило оружјето со кое, според обвинението, биле извршени убиствата.

Манев изјави дека Палевски му се јавил од турската граница и му наредил да го контактира З.Д., кој е член на политичката партија „Десна“ и вработен во Народната банка, за да го отстрани т.н. „пакет“ – ранецот со пиштол и мотороли.

„Бидејќи сака да ме претстави како главен виновник и убиец, решив да проговорам отворено. Му се јавив на З.Д., како што ми беше наредено, и потоа го известив Палевски дека пораката е пренесена“, рече Манев пред судот.

Тој додаде дека целата комуникација е регистрирана од безбедносни камери и дека чувствува длабоко каење за својата вмешаност:

„Бев голема будала. Ми го уништи животот, призна Манев, кој тврди дека бил изманипулиран и дека верувал оти се работи за киднапирање со барање откуп, а не за убиство.

Обвинителството посочи дека со ова апсење истрагата добива нов правец и најави проширување на обвинувањата кон лица кои, како што се сомнева, помогнале во прикривање на доказите поврзани со убиствата.

CATEGORIES
TAGS
Share This