СУДСКИ ТРИЛЕР ДО САМИОТ КРАЈ – Кој ги уби Вања и Панче, пресуда на 25 јуни

Обвинителството, пак, остана на својата позиција и побара доживотна казна затвор за четворицата обвинети: Палевски, Манев, Кешишев и Видевски.

СУДСКИ ТРИЛЕР ДО САМИОТ КРАЈ – Кој ги уби Вања и Панче, пресуда на 25 јуни

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе биде изречена на 25 јуни во Основниот кривичен суд Скопје. На денешната јавна расправа, обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев ги изнесоа своите завршни зборови, меѓусебно обвинувајќи се и давајќи различни верзии на настаните.

Првообвинетиот Палевски, кој постојано тврди дека е невин и дека процесот е политички мотивиран, за првпат јавно го обвини Манев дека го организирал кривичното дело, Видевски дека го извршил убиството, а Кешишев дека служел како чувар за време на киднапирањето и убиството. Тој обвини дека Обвинителството постапува по политички насоки и дека нема докази за негово директно учество.

Боре Видевски одби да даде завршен збор, додека неговиот адвокат побара ослободителна пресуда, посочувајќи дека признанијата биле изнудени и дека истрагата тргнала во погрешна насока.

Влатко Кешишев изрази жалење што бил воопшто поврзан со другите обвинети, тврдејќи дека тие ја испланирале и извршиле целата операција, а нему му било наредено да молчи.

Од своја страна, Велибор Манев негираше каква било умешаност во планирањето на убиствата. Тој тврдеше дека зачувал видеоснимки од безбедносни камери како доказ дека Палевски имал сопствен таен план. Според Манев, Палевски по извршеното дело наводно наложил отстранување на доказен материјал – ранец со мотороли и пиштол кој завршил кај член на партијата „Десна“, вработен во Народна банка и веќе уапсен.

Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески, побара ослободителна пресуда, истакнувајќи дека Обвинителството не приложило ниту еден цврст доказ за вината на неговиот клиент. Тој презентираше нови снимки и службени белешки кои, според него, покажуваат сериозни недоследности во истрагата.

Обвинителството, пак, остана на својата позиција и побара доживотна казна затвор за четворицата обвинети: Палевски, Манев, Кешишев и Видевски.

За Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања и исто така обвинет во случајот, се предлага соодветна затворска казна. Обвинението ги товари сите за организирање киднапирање со цел уцена, при што било употребено возилото на Жежовски за грабнување на девојчето.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени на 3 декември 2023 година, по неколкудневна потрага. Обвинетите ја негираат вината, но случајот предизвика огромен шок и интерес во јавноста поради неговата бруталност и трагичниот исход.

CATEGORIES
TAGS
Share This