ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ ВО СРЕДНО Досега поднесени 13.200 апликации
На сите ученици и родители кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето, Министерството им стои на располагање.

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година. Апликациите може да се поднесуваат до крајот на денот.
Второто пријавување ќе се одржи на 30 јуни, а конечните ранг-листи, по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.
Пријавувањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, при што учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на платформата schools.mk.
Министерството реагира на неточни информации пласирани во дел од медиумите, според кои системот за пријавување наводно е нефункционален или блокиран. Истакнуваат дека платформата работи без никаков прекин и досега се поднесени 13.200 апликации, што покажува дека најголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавиле.
На сите ученици и родители кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето, Министерството им стои на располагање.
Конкурсот со слободните места може да се прегледа на следниот линк: овде


