ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ТРОШОЦИТЕ ЗА НАТО 5% ОД БДП ИЛИ УЧЕТЕ РУСКИ Европа пред избор – пензии или пушки!

Во своите последни настапи, Руте континуирано укажува на растечките безбедносни предизвици од Русија и Кина, повикувајќи на поголеми вложувања во одбраната, дури и по цена на намалување на социјалните трошоци.

ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ТРОШОЦИТЕ ЗА НАТО 5% ОД БДП ИЛИ УЧЕТЕ РУСКИ Европа пред избор – пензии или пушки!
Фото: НАТО

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, упати остра порака до членките на алијансата, предупредувајќи дека доколку не ги зголемат воените трошоци на 5 проценти од БДП, ризикуваат загуба на безбедноста и потенцијално зголемено руско влијание.

„Ако не ги зголемите трошоците на 5 проценти, од кои 3,5 проценти се за директна одбрана, тогаш ќе имате здравствен и пензиски систем, но подобро е да почнете да учите руски. Тоа се последиците“, изјави Руте на конференција во Лондон, пренесува британскиот весник Телеграф.

Во своите последни настапи, Руте континуирано укажува на растечките безбедносни предизвици од Русија и Кина, повикувајќи на поголеми вложувања во одбраната, дури и по цена на намалување на социјалните трошоци.

Во почетокот на јуни, Руте предложи зголемување на трошоците за одбрана од сегашните 2 проценти на 3,5 проценти од БДП, како и дополнителни 1,5 проценти за развој на воена инфраструктура, индустрија и други сектори поврзани со безбедноста.

Русија, пак, веќе подолго време изразува загриженост поради зголеменото воено присуство на НАТО во близина на нејзините граници. Москва ја оценува политиката на Алијансата како насочена кон „задржување на руската агресија“, додека од своја страна апелира за дијалог, но, како што посочуваат од руското Министерство за надворешни работи, „на рамноправна основа“ и без натамошна милитаризација на Европа.

CATEGORIES
TAGS
Share This