ЛЕТОТО Е ТУКА Софија Вергара ги воодушеви обожавателите

Софија Вергара сега продолжува со активностите и ужива во летните денови, привлекувајќи големо внимание со својот стил и харизма.

ЛЕТОТО Е ТУКА Софија Вергара ги воодушеви обожавателите
Фото: Инстаграм

Познатата актерка Софија Вергара (52) предизвика големо внимание на Инстаграм со своја нова фотографија на која се гледа како се сонча покрај базен. Во описот на шпански јазик, таа едноставно напиша: „Летото е тука“, со што јасно ја најави почетокот на топлите денови.

Објавата брзо собра илјадници лајкови и коментари, меѓу кои се издвојуваше и пораката од нејзината колешка од жирито на шоуто „Америка има талент“, Хајди Клум. Таа напиша: „Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, на што следуваа позитивни реакции од фановите.

Во меѓувреме, Софија Вергара неодамна беше во фокусот на медиумите поради наводната врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако двојката беше забележана заедно неколку пати, странските медиуми пишуваат дека романсата не траела долго. Според извори блиски до парот, Луис го изгубил интересот, што довело до тоа актерката да се чувствува „напуштено“.

Софија Вергара сега продолжува со активностите и ужива во летните денови, привлекувајќи големо внимание со својот стил и харизма.

CATEGORIES
Share This