РУСИЈА ОТКРИВА Зеленски ја пропуштил шансата за мир

Изјавата на Медински доаѓа во период кога меѓународната заедница повторно повикува на дипломатско решение на конфликтот кој трае веќе повеќе од три години.

РУСИЈА ОТКРИВА Зеленски ја пропуштил шансата за мир
Фото: Принтскрин

Помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, во интервју за телевизијата РТ изјави дека Украина ја пропуштила шансата за мирен исход уште на почетокот на воениот конфликт со Русија во 2022 година.

Според Медински, мировниот договор меѓу двете земји можел да биде постигнат на 28 февруари 2022 година, на првиот официјален состанок меѓу делегациите на Украина и Русија. Тој нагласи дека украинската делегација во тоа време имала поголема независност и слобода во носењето одлуки отколку денес.

„Украинците тогаш јасно рекоа дека нивните странски партнери се против потпишување на договорот што беше договорен со нас“, изјави Медински, додавајќи дека условите на тогашниот договор биле значително поблаги отколку оние што Москва ги предлага денес.

Тој истакна дека мировниот документ подготвен за состанокот во Истанбул се состоел од 19 страници, при што рускиот претседател Владимир Путин направил само една или две измени во финалната верзија.

Изјавата на Медински доаѓа во период кога меѓународната заедница повторно повикува на дипломатско решение на конфликтот кој трае веќе повеќе од три години. Од украинска страна сè уште нема официјална реакција на ваквите тврдења.

CATEGORIES
TAGS
Share This