ПОЛИТИКА, ПАРИ И ГРАДЕЖНИШТВО Притворањето на Крмзов разоткривање на една криминална мрежа

Градежната експанзија врз некогаш државен, денес приватизиран и често разграбан имот, сомнителните одобренија за градба, нејасните кредити од домашни и странски банки, префрлањето на имот кон блиски фирми и роднини - сето тоа води до комплексна мрежа на интереси.

ПОЛИТИКА, ПАРИ И ГРАДЕЖНИШТВО Притворањето на Крмзов разоткривање на една криминална мрежа
Фото: Принтскрин

Со координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи, под раководство на Јавен обвинител со решителен пристап, започна демонтажа на, како што се наведува, длабоко вкоренета политичко-криминална структура.

Утрово, по налог на обвинителството, приведени се неколку лица, меѓу кои и Ристо Крмзов – бизнисмен за кого со години се шпекулираше дека е заштитен од врвот на политичко-бизнис елитата. Обвинителството го сомничи за долгогодишно незаконско богатење преку фиктивни прикажувања на добивки, симулирано плаќање даноци и организиран поврат на ДДВ.

Шемата, според првичните информации, се изведувала преку мрежа од фиктивни фирми и трансакции со непостоечки лица, вклучително и државјани од Косово и други земји, со цел креирање привид на легално работење. Нелегално стекнатите средства завршувале на приватни сметки, а потоа биле „испрани“ преку градежниот сектор – еден од најчесто користените канали за легализација на криминално стекнат капитал.

Во предметот се опфатени 15 правни и 23 физички лица.

Но, оваа акција само го отвора поважното прашање:

Дали конечно се отвора Пандорината кутија на струмичката бизнис-полиитчка мрежа?

Градежната експанзија врз некогаш државен, денес приватизиран и често разграбан имот, сомнителните одобренија за градба, нејасните кредити од домашни и странски банки, префрлањето на имот кон блиски фирми и роднини – сето тоа води до комплексна мрежа на интереси.

Постои ли централен покровител на оваа шема?

Кој ја координирал заштитата на системот кој овозможува ваков криминал да опстојува со децении?

Полека, но сигурно, паѓа маската.

CATEGORIES
TAGS
Share This