МИСАЈЛОВСКИ НА НАТО СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ – Ќе се разговара за Самитот во Хаг, Украина и одбраната

Кога станува збор за одбранбените трошоци издвојувањата на ниво од пет отсто од БДП повеќе нема да биде само ветување на земјите членки, туку и нивна обврска.

МИСАЈЛОВСКИ НА НАТО СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ – Ќе се разговара за Самитот во Хаг, Украина и одбраната
Фото: МО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска и утре во Брисел учестува на серија состаноци посветени на подготовка за Самитот на НАТО во Хаг. Поддршката за Украина и зајакнувањето на одбраната ќе бидат главни теми на состанокот.

Состанок ќе започне со седница на Северноатлантскиот совет на која министрите ќе разговараат за подготовките на Самитот во Хаг кој треба да се одржи од 24 до 26 јуни и за трошоците за одбраната, а, според најавите, ќе донесат и клучни одлуки за подобрување на одбраната на НАТО.

Кога станува збор за одбранбените трошоци издвојувањата на ниво од пет отсто од БДП повеќе нема да биде само ветување на земјите членки, туку и нивна обврска.

CATEGORIES
Share This