ЗАХАРОВА СО ОСТРА КРИТИКА Парадокс е внука на нацист да претседава со ОН во година на антинацистички јубилеј
Захарова дополнително ја заостри реториката, оценувајќи дека е „парадоксално и навредливо“ во годината кога се одбележува 80-годишнината од победата над нацизмот, да се постави „внук на нацист кој се гордее со својот подвиг“ на ваква клучна позиција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро ја критикуваше поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, по нејзиниот избор за претседавач на 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Бербок, која беше избрана и поддржана од 167 земји-членки, според Захарова, не заслужува доверба на оваа висока дипломатска функција. Според неа, новоизбраната претседавачка ќе го користи својот мандат за „самопромоција и туркање на личната агенда“.
„Што да очекуваме од личност која влезе во меѓународната дипломатија преку политичка трамболина, а не преку сопствени заслуги? Таа позиција ѝ е доверена по кружен пат, индиректно“, изјави Захарова.
Таа додаде дека мандатот на Бербок ќе биде „апсолутно предвидлив“, алудирајќи на, како што рече, негативните оцени кои таа ги добила од дел од германската јавност и политичката сцена.
Рускиот заменик-амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански, исто така изрази сомнежи за непристрасноста на Бербок, потсетувајќи на, како што рече, нејзиниот „забележителен русофобичен став и контроверзни изјави“.
Захарова дополнително ја заостри реториката, оценувајќи дека е „парадоксално и навредливо“ во годината кога се одбележува 80-годишнината од победата над нацизмот, да се постави „внук на нацист кој се гордее со својот подвиг“ на ваква клучна позиција.
Изјавите на Захарова се дел од растечката дипломатска напнатост меѓу Русија и западните земји, особено во контекст на актуелните глобални кризи и безбедносни прашања.


