ЖЕСТОКО ОД МИТРОПОЛИТОТ ПЕТАР Подржувачите на Партениј се пијаници и наркомани

Очекувањата се дека МПЦ-ОА ќе заземе став по повод последните случувања кои фрлаат сенка врз процесот на избор на нов митрополит во Охрид.

ЖЕСТОКО ОД МИТРОПОЛИТОТ ПЕТАР  Подржувачите на Партениј се пијаници и наркомани
Фото: Национал

Митрополитот Петар во својата последна проповед, одржана по литургијата, упати серија навредливи квалификации кон верниците кои изминативе денови јавно бараа епископот Партениј да биде вклучен во процесот на избор на нов митрополит на Охридската епархија.

Како што објави „Религија.мк“, Митрополитот не ги поштеди ниту Партениј, ниту неговите поддржувачи, нарекувајќи ги „пијаници“, „наркомани“, „арамии“ и „крадци на човечки души“. Според неговите зборови, овие верници, како што ги квалификуваше, се обидуваат да ги заведат и манипулираат останатите членови на црковната заедница.

Оваа изјава предизвика бурни реакции во јавноста, особено меѓу дел од верниците кои ја сметаат поддршката за епископот Партениј како автентичен израз на доверба во неговото духовно водство.

Засега, од Бигорскиот манастир, каде што епископот Партениј е игумен, нема официјална реакција на изјавите на Митрополитот Петар.

Очекувањата се дека МПЦ-ОА ќе заземе став по повод последните случувања кои фрлаат сенка врз процесот на избор на нов митрополит во Охрид.

CATEGORIES
TAGS
Share This