ЕУ ЈА ОДОБРИ БУГАРИЈА ЗА ЕВРОЗОНАТА Еврото од 1 јануари 2026
Според Комисијата, земјата ги задоволила сите технички критериуми неопходни за приклучување кон монетарната унија на Европската унија

Бугарија ги исполни сите потребни услови за усвојување на еврото како официјална валута и се очекува да стане 21-та членка на еврозоната од 1 јануари 2026 година, соопшти денес Европската комисија.
Според Комисијата, земјата ги задоволила сите технички критериуми неопходни за приклучување кон монетарната унија на Европската унија.
Официјалната одлука треба да ја донесат министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на состанокот закажан за 8 јули. Иако формалната потврда сè уште претстои, не се очекува противење од ниту една земја-членка.
Позитивен сигнал за бугарските напори пристигна и од Европската централна банка, која денеска го даде своето позитивно мислење за приклучувањето на Бугарија кон еврозоната.
Со ова, Бугарија се приближува кон историски чекор на економска интеграција со остатокот од земјите кои ја користат заедничката европска валута.


