ВАРДАР ПОВТОРНО КРАЛ НА КУПОТ Падна Пелистер во финалето во Охрид
Екипата на Вардар во текот на целиот натпревар беше подобриот противник и речиси постојано имаше резултатска предност.

Во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ракометарите на Вардар 1961 триумфираа над Еурофарм Пелистер со 31-27 (полувреме 17-14), во финалето на ракометниот Куп на Македонија. Со оваа победа, „црвено-црните“ по една година пауза повторно го вратија трофејот во своите витрини, освојувајќи ја својата 17-та титула во ова натпреварување.
Екипата на Вардар во текот на целиот натпревар беше подобриот противник и речиси постојано имаше резултатска предност. Со агресивна одбрана и ефикасна игра во нападот, избраниците на тренерот ги надиграа битолчани и заслужено се закитија со нова титула.
Најефикасен играч на финалето беше Радивојевиќ со осум постигнати гола, додека кај Вардар блеснаа Јагуриновски и Крсманчиќ, кои запишаа по шест погодоци.
Минатогодишниот освојувач, екипата на Алкалоид, оваа година се откажа од трофејот, кој повторно се враќа во рацете на најтрофејниот македонски ракометен клуб.


