ТИТО И ЈА ИСПОЛНИЛ ЖЕЛБАТА НА САМО 12 ГОДИНИ Снежана Ѓуришиќ откри што се случило на нивната средба

Пејачката раскажа како се преселила во Белград благодарение на татко ѝ, зошто ја нарекувале „селска девојка“ и како повторно се сретнала со Тито на Бриони.

ТИТО И ЈА ИСПОЛНИЛ ЖЕЛБАТА НА САМО 12 ГОДИНИ Снежана Ѓуришиќ откри што се случило на нивната средба
Фото: Принтскрин

Српската фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ во голема животна исповед за српскиот медиум „Курир“ откри досега помалку познати детали од своето детство, семејството и почетоците на музичката кариера, но и за посебниот настан кој засекогаш ѝ останал во сеќавање средбите со Јосип Броз Тито. Пејачката раскажа дека Тито, индиректно, ѝ помогнал да ја оствари големата желба и да се пресели во Белград, каде што подоцна го изградила својот музички пат.

Ѓуришиќ се присети дека имала само 12 години кога со родителите и помладата сестра Мира се преселила од Краљево во Белград. Таа вели дека чувството на возбуда и гордост од тој период тешко може да им го објасни на помладите генерации. Според нејзиното сведоштво, Тито индиректно бил заслужен за преселбата, бидејќи на нејзиниот татко му овозможил да замине на работа во главниот град.

„Не би рекла дека бев омилена на Тито, но вниманието што ми го посвети ме насочи кон мојата кариера, која трае повеќе од 50 години“, раскажа пејачката.

Таа откри дека подоцна повторно го сретнала Тито во 1977 година на Бриони, каде што била поканета да настапи. На нејзино изненадување, тој се сетил на неа и ја прашал дали го завршила средното училиште. Средбата била кратка, но за пејачката останала посебен спомен.

Преселбата во големиот град не била лесна. Првата година семејството живеело како станари во Вождовац, а Снежана го посетувала училиштето „Веселин Маслеша“. Поради својот говор и акцентот, на почетокот била предмет на потсмев од некои соученици, кои ја нарекувале „селска девојка“. Но, младата Снежана не дозволувала лесно да ја понижуваат.

Таа раскажа дека знаењето го користела како најсилно оружје против предрасудите, но и дека тренирала џудо, па не се двоумела да се одбрани кога некој ќе ја закачал. Со текот на времето се навикнала на белградскиот живот, па дури почнала и да го имитира локалниот акцент.

Посебно интересен дел од нејзиното сведоштво се однесува на музичкото образование. Ѓуришиќ успеала да се запише во средното музичко училиште „Јосип Славенски“, но нејзиниот музички избор не наидувал секогаш на разбирање кај раководството. Како што раскажува, дел од директорите не верувале дека некој што пее народна музика може успешно да се справи и со делата на Брамс, Моцарт и Шопен.

„Според мене, може да биде и двете“, истакнала пејачката.

Таа вели дека подоцна, кога во медиумите се појавиле информации за нејзините успеси, критиките замолкнале. Дури и кога им бил потребен солист за хорските настапи, повторно ја повикувале.

Снежана Ѓуришиќ откри дека ги положила сите испити на музичката академија, но никогаш не дипломирала. Во еден момент станало јасно дека пеењето е нејзиниот животен повик. Наскоро се омажила и станала мајка, па не можела да ги исполни сите професионални и образовни планови. Сепак, нејзината музичка кариера продолжила и трае повеќе од пет децении, а преселбата во Белград и средбите со Тито останале меѓу највпечатливите моменти од нејзината животна приказна.

CATEGORIES
Share This