НЕТАНЈАХУ ПОДГОТЕН ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА Му го нуди местото на Ајзенкот, а самиот ќе биде заменик
Израелскиот премиер предлага влада на национално единство во која Јашар Гади Ајзенкот би бил премиер, додека тој би ја презел функцијата заменик-премиер, повикувајќи се на сериозноста на заканите со кои се соочува земјата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху понудил да се откаже од премиерската функција и да стане заменик-премиер во евентуалната нова влада на национално единство, на чие чело би застанал Јашар Гади Ајзенкот, кој го добил мандатот за формирање на новата влада.
Нетанјаху во денешното соопштение навел дека, според политичките принципи, смета оти нему природно му припаѓа водечката позиција во владата на единство, бидејќи ја предводи најголемата партија.
Сепак, како што посочил, подготвен е да се откаже од тој принцип поради сериозноста на безбедносната ситуација и, како што ја оценил, егзистенцијалната закана со која се соочува Израел.
Според него, приоритет е формирање влада која ќе може ефикасно да одговори на предизвиците, наместо инсистирање на лични и партиски позиции.
„Мојата одговорност како лидер бара од мене да ставам сè настрана“, изјавил Нетанјаху.
Неговата понуда, пренесува „Џерусалем пост“, е дел од обидот да се формира влада на национално единство во услови на сериозни закани за безбедноста на Израел.

