НЕОБИЧНИ СЦЕНИ ВО ТЕТОВО Коњаници со албански знамиња дефилираа низ центарот на градот

Со маршот „Знамето нè обединува“ и културно-уметничка програма беше одбележан 28 Ноември – Денот на албанското знаме.

НЕОБИЧНИ СЦЕНИ ВО ТЕТОВО Коњаници со албански знамиња дефилираа низ центарот на градот
Фото: Принтскрин

Со дефиле на коњаници кои носеа албански знамиња, марш низ градските улици и богата културно-уметничка програма, денеска во Тетово беше одбележан 28 Ноември Денот на албанското знаме.

Внимание привлече дефилето на млади момчиња на коњи, со албански знамиња, кои се движеа низ централното градско подрачје во правец на плоштадот „Маршал Тито“. Снимките од настанот ги објави „Тетово инфо“.

Во рамките на празничното одбележување се одржа и маршот „Знамето нè обединува“, во кој учествуваа ученици. На градскиот плоштад, пак, беше организирана културно-уметничка програма со музички и танцови настапи.

Денот на албанското знаме се одбележува на 28 ноември во чест на прогласувањето на независноста на Албанија во Валона, во 1912 година.

CATEGORIES
Share This