ЕЦБ НАЈАВУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ Причина се инфлаторните притисоци и поскапувањето на енергијата

Вујчиќ оцени дека економијата на еврозоната покажала поголема отпорност од очекуваното, но предупреди дека структурните проблеми го ограничуваат нејзиниот долгорочен раст.

ЕЦБ НАЈАВУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ Причина се инфлаторните притисоци и поскапувањето на енергијата

Европската централна банка би можела да ги зголеми референтните каматни стапки за 0,25 процентни поени веќе во декември, навестија потпретседателот Борис Вујчиќ и членот на Управниот совет Мартин Кохер.

Вујчиќ оцени дека економијата на еврозоната покажала поголема отпорност од очекуваното, но предупреди дека структурните проблеми го ограничуваат нејзиниот долгорочен раст.

Кохер, пак, предупреди дека продолженото зголемување на цените на енергијата може да предизвика дополнителни инфлаторни притисоци и секундарни ефекти, поради што ЕЦБ мора навреме да реагира со монетарната политика.

ЕЦБ останува посветена на среднорочната цел за одржување на инфлацијата на ниво од 2 проценти.

CATEGORIES
Share This