ЧУПИЌ ВО ОХРИД СО ВАЖНА ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА Прв регионален настап на новото српско раководство на самитот Брдо-Бриони
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е домаќин на регионалниот самит во хотелот „Инекс Олгица“, на кој главни теми се европската перспектива, проширувањето на ЕУ и стабилноста на Западен Балкан.

Охрид денеска е во центарот на регионалната дипломатија, каде што се одржува состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони. Регионалните лидери се собраа во хотелот „Инекс Олгица“, а средбата започна синоќа со неформална вечера на која присуствуваа високите претставници од Западен Балкан.
Домаќин на состанокот е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со коорганизаторите, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Главните теми на разговорите се европската перспектива на Западен Балкан, проширувањето на Европската Унија, регионалната стабилност и унапредувањето на добрососедските односи. Средбата е можност регионалните лидери да разговараат за актуелните предизвици и за иднината на регионот во контекст на европските интеграции.
Српската делегација на состанокот ја предводи Александар Чупиќ, кој, според доставените информации, учествува како претседател на Народното собрание на Србија и вршител на должноста претседател на државата. Неговото присуство на средбите на 26 и 27 ноември претставува значаен дипломатски настап на српското раководство во регионален формат.
Поради присуството на високите делегации, во Охрид и Струга се спроведуваат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. Надлежните институции преземаат активности за непречено одвивање на самитот и безбедно движење на делегациите.

