СЕ СПРЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Дожд во цела Македонија, некаде ќе наврнат и над 20 литри на квадрат

Локално се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар во 24 часа, а температурите ќе се движат до 11 степени.

СЕ СПРЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Дожд во цела Македонија, некаде ќе наврнат и над 20 литри на квадрат
Фото: Принтскрин

Облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска низ Македонија, а на одредени места врнежите ќе бидат пообилни и може да надминат 20 литри на квадратен метар во период од 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека утринската и дневната температура ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, исто така, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во попладневните часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This