GALAXY Z FOLD8 НУДИ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ Мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот
За луѓето кои редовно го користат телефонот на отворено, антирефлективната фолија за заштитниот екран може да помогне да се намалат рефлексиите во услови на силна светлина.

Повеќето од нас го поставуваат новиот телефон на сличен начин. Ги преземаме нашите омилени апликации, избираме позадина, подредуваме неколку икони и се враќаме на нашата вообичаена рутина. Штом сè ни стане познато, ретко размислуваме да го промениме повторно. Но понекогаш најкорисните функции се оние кои не сме помислиле да ги побараме.
Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи. И повеќето од нив се достапни со ажурирање на само неколку поставки. Еве четири функции што вреди да ги истражите.
Два екрана, два начина да го прилагодите уредот по своја желба
Една од интересните можности кај уредите со два екрана е тоа што тие не мора да служат за истата намена. Размислете како го користите вашиот телефон во текот на денот. Додека сте во движење, можеби ви треба само брз поглед на вашиот календар, пораките или следниот состанок. Кога ќе го отворите уредот, можеби ќе сакате сосема поинаков распоред, со повеќе простор за апликациите и содржините на кои им посветувате време.
Galaxy Z Fold8 ви овозможува да ги организирате надворешниот и главниот екран според тие различни навики. А ако сакате да ја однесете персонализацијата чекор понатаму, Good Lock и Home Up нудат дополнителни можности за приспособување на распоредите, виџетите, иконите и другите елементи. Двете се достапни преку Galaxy Store, во зависност од пазарот и софтверската достапност.[1] Откако ќе се инсталираат, можете да ги истражите опциите за приспособување и да експериментирате со различен распоред за секој екран. На пример, надворешниот екран можете да остане едноставен и прегледен, само со најважните работи при рака, додека на главниот екран можете да му дадете поекспресивен изглед со вашите омилени виџети, налепници и кратенки.
Станува збор за мала промена во перспективата. Наместо да ги подредувате сите работи на ист начин на двата екрана, почнувате да размислувате за тоа која е всушност намената на секој од нив.
Кога на вашите слушалки им е потребна мала помош
Ситуацијата ви е позната. Се подготвувате за излегување, посегнувате по вашите безжични слушалки и сфаќате дека батеријата е речиси празна. Не е баш идеално време да почнете да барате полнач. Тука на сцена стапува функцијата Wireless PowerShare. Galaxy Z Fold8 може безжично да ги полни компатибилните Galaxy Buds слушалки како и други додатоци со Qi-сертификат, директно преку задната страна на телефонот.[2] За да ја користите оваа функција, повлечете надолу за да го отворите панелот за брзи поставки (Quick Panel), изберете Wireless PowerShare и поставете го компатибилниот додаток на задната страна на Galaxy Z Fold8.
Корисниот дел е што не мора да ставите сè друго на чекање. Надворешниот екран останува достапен, па така можете да проверувате пораки, да барате насоки или да одговарате на пораки додека вашиот додаток се полни. Веројатно не е првата функција на која би помислиле да ја истражите кога го поставувате новиот телефон. Но, кога слушалките ќе ви се испразнат непосредно пред патување, намената на оваа функција веднаш станува јасна.
За голем екран не се секогаш потребни две раце
Постојат многу моменти кога користењето телефон со двете раце едноставно не е практично. Можеби носите чанта, држите кафе или се обидувате да одговорите на порака додека правите нешто друго. Galaxy Z Fold8 нуди неколку начини да ја направи навигацијата поудобна во тие ситуации.
Режимот со една рака овозможува полесен пристап до елементите на интерфејсот, додека модулот One Hand Operation+ од Good Lock ви овозможува да ги приспособите гестовите со повлекување, кратенките и брзите дејства. Режимот со една рака можете да го најдете под Поставки (“Settings”) и Напредни функции (“Advanced features”). За дополнителни контроли со гестови, преземете го One Hand Operation+ од Galaxy Store и приспособете ги рачките (handles) и кратенките за да одговараат на начинот на кој го користите вашиот телефон.
На пример, можете да ги поврзете често користените дејства со гестови што ви се чинат природни, наместо да ги протегате прстите низ екранот секогаш кога ви треба нешто. Целта не е да научите комплициран нов систем на контроли. Целта е да ги направите полесни дејствата што веќе ги извршувате во текот на денот.
Малку повеќе простор прави разлика
Лесно е да не забележите колку простор зафаќа тастатурата на екранот на телефонот додека не се обидете да следите разговор додека пишувате одговор. На Galaxy Z Fold8, тастатурата на “Samsung” може да се менува по големина и да се преместува за подобро искористување на надворешниот екран.[3]
Одете во Поставки, отворете Општо управување (General management), изберете Поставки за тастатурата на “Samsung” и одберете Големина и транспарентност (Size and transparency). Оттаму, можете да ја прилагодите големината на тастатурата, да ја преместите и да го зачувате распоредот што најдобро ви одговара. Префрлањето од копчиња за навигација на навигација со гестови може да ослободи дополнителен простор на екранот. Ниту едно од прилагодувањата не звучи особено драматично. Но, заедно, тие можат да направат разлика кога читате подолга порака, одговарате на е-пошта или прелистувате содржина на надворешниот екран. И токму така често функционира корисната персонализација. Правите промена на нешто еднаш, се навикнувате на новиот распоред и наскоро заборавате дека некогаш било поразлично.
Завршни детали
Приспособувањето на телефонот не се однесува само на она што се случува на екранот. Додатоците што ќе ги изберете исто така можат да направат разлика во тоа како Galaxy Z Fold8 се вклопува во секојдневниот живот. Некои корисници можеби ќе ја претпочитаат едноставноста на класичната заштитна футрола, додека други можеби ќе изберат магнетна или карбонска магнетна футрола со арамид за да одговара на нивните лични преференции.
За луѓето кои редовно го користат телефонот на отворено, антирефлективната фолија за заштитниот екран може да помогне да се намалат рефлексиите во услови на силна светлина. Тоа може да биде особено корисно кога проверувате информации за време на пауза, за возење велосипед или кога поминувате време надвор на сончев ден.
Ова се мали избори, но ја следат истата идеја како приспособувањето на екраните и контролите: уредот да работи според вашите навики, наместо обратно.
Малите работи прават голема разлика
Осум генерации развој на преклопливи уреди го донесоа “Samsung” далеку од оригиналниот Galaxy Fold во 2019 година. Но, не секое подобрување мора да биде нешто што ќе го забележите во моментот кога ќе го отворите телефонот. Понекогаш тоа е кратенка за која повеќе не мора да размислувате, тастатура што одговара на начинот на кој пишувате или опција да ги наполните слушалките кога сте во движење.
Galaxy Z Fold8 има многу функции за истражување, а неколку мали прилагодувања можат да го направат уредот повеќе по ваш вкус. За да дознаете повеќе за Galaxy Z Fold8 и достапните додатоци, посетете ја страницата samsung.mk
[Простор за линк до ваша рецензија / тест / објава за Galaxy Z Fold8]
Ако сè уште ве интересира како е да користите Galaxy телефон, Try Galaxy ви овозможува да ги истражите избраните функции и искуства на Galaxy на вашиот сегашен смартфон пред да направите премин.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
[1] Достапноста на Good Lock, Home Up и One Hand Operation+ може да варира во зависност од пазарот и верзијата на софтверот. Некои опции за прилагодување може да се разликуваат во зависност од верзијата на софтверот.
[2] Wireless PowerShare работи со компатибилни додатоци со Qi-сертификат. Перформансите на полнење може да варираат во зависност од компатибилноста на уредот и нивото на батеријата.
[3] Промена на големината и преместување на тастатурата се достапни со Samsung тастатура и може да варираат во зависност од верзијата на софтверот.

