МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА Во фокусот стратешкото партнерство со САД
Премиерот информираше за средбата со Никол Варнс, на која биле разгледани билатералните односи и можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете држави.

Зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави и можностите за продлабочување на билатералната соработка биле главни теми на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со вршителката на должноста амбасадор на САД во земјава, Никол Варнс.
Мицкоски информираше за средбата преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека во разговорите посебно внимание било посветено на македонско-американските односи, стратешкото партнерство и досегашната билатерална соработка.
На средбата биле разгледани и можностите за натамошно унапредување на односите и продлабочување на партнерството меѓу двете држави.
Фокусот на разговорите бил ставен на зајакнување на соработката и отворање нови можности за развој на македонско-американското партнерство.

