ЗИМАТА ПОТСЕТУВА НА СЕБЕ Температурите ќе паднат до -5 степени, а навечер доаѓа промена
Утрото ќе биде ведро и студено, со температури до -5 степени, додека во текот на денот ќе преовладува променлива облачност.

Фото: Принтскрин
Утрото ќе нè дочека со ведро небо и ниски температури, кои на одделни места ќе се спуштат и до -5 степени. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот се очекува промена на временските услови.
Во западните делови на Македонија, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе се движат во интервал од -5 до 10 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
CATEGORIES Македонија

