ЈУЖНА КОРЕЈА КРЕНА БОРБЕНИ АВИОНИ Причината е навлегување на руски летала во нејзиниот воздушен простор

Според Генералштабот, руските летала биле следени додека се приближувале кон источниот брег на земјата.

ЈУЖНА КОРЕЈА КРЕНА БОРБЕНИ АВИОНИ Причината е навлегување на руски летала во нејзиниот воздушен простор

Неколку руски воени летала навлегле во воздушниот простор на Јужна Кореја, по што јужнокорејската армија кренала борбени авиони и презела тактички маневри за да спречи инцидент.

Според Генералштабот, руските летала биле следени додека се приближувале кон источниот брег на земјата.

Во меѓувреме, властите привремено наредиле евакуација на островот Улеунгдо поради предупредување за сомнително летало, но наредбата била повлечена по само три минути. Подоцна било утврдено дека станувало збор за погрешно издадено предупредување.

CATEGORIES
Share This