ИРАН СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ЕДНА ОД ЧЕТИРИТЕ СВЕТСКИ СИЛИ Никој повеќе не може да одлучува без Техеран

Претседателот на иранскиот парламент тврди дека земјата достигнала моќ да влијае врз одлуките на најголемите сили и предупредува дека само дипломатијата не може да спречи нова војна.

ИРАН СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ЕДНА ОД ЧЕТИРИТЕ СВЕТСКИ СИЛИ Никој повеќе не може да одлучува без Техеран
Фото: Принтскрин

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека Иран се позиционирал како една од четирите водечки светски сили, оценувајќи дека ниту една од трите најголеми сили повеќе не може да носи важни одлуки или да постигнува меѓународни договори без да ги земе предвид интересите и ставовите на Техеран.

Според Калибаф, Иран достигнал ниво на политичка и воена моќ што му овозможува да влијае врз одлуките на најмоќните држави, дури и кога не учествува директно во нивните преговори. Неговата изјава ја пренесува „Ал Џезира“.

Калибаф ги обвини противниците на Иран дека се обидуваат да наметнат долгорочна состојба на неизвесност, која ја опиша како „ниту војна ниту мир“, со цел постепено да ја ослабат земјата. Како одговор на ваквата стратегија, тој ја посочи потребата од воспоставување одржливо воено одвраќање, кое би ги спречило противниците да преземат воени активности против Иран.

Тој се повика и на неодамнешните пораки на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, кој, според неговите зборови, пред неколку недели оценил дека продолжувањето на состојбата на неизвесност не е одржливо и дека таа мора да добие разрешница.

Претседателот на иранскиот парламент нагласи дека командната структура на иранските вооружени сили е доволно силна и функционално поврзана за да ги ограничи можностите на противникот да ги искористи своите воени капацитети и да ги оствари поставените цели.

Според него, опасноста од нова војна не може да се отстрани единствено преку дипломатски преговори, но ниту со примена на воена сила. Калибаф смета дека дипломатските и воените инструменти мора да се користат паралелно за да се воспостави долгорочно и ефикасно одвраќање и да се спречи нова ескалација.

ИРАН МУ ПОРАЧА НА ВАШИНГТОН Заврши времето кога Америка победуваше во војни – 2026 не е 1945 година

CATEGORIES
Share This