ЗА СТАН ОД 50 КВАДРАТИ ДРЖАВАТА ЌЕ И ПОДАРИ 35.000 ЕВРА НА ГРАДЕЖНАТА МАФИЈА Работничка партија со жестока порака до премиерот
Наместо субвенции за купување станови, партијата бара отворање на старите индустриски капацитети и нови работни места за македонските работници.

Работничка партија реагира на најновата џамбаска мерка на премиерот Христијан Мицковски. Зошто попуст од најмалку 20% на станови што ке ги купат луге под 35 години и кој ке ги плати тие најмалку 20%.
Зарем премиеру со тоа се ставаш на услуга на продавачите на станови и таканаречената градежна мафија. А што ако станот чини 3.500 евра квадрат, значи државата за стан од 50 квадрати ке ја донира градежната мафија најмалку 35.000 евра. Мерка достојна за не многу паметни луге.
И втората мерка опростување на комуналии за градење на куќа од страна на парови помлади од 35 години. А што ако градителот има 36 години или пак 30 години, но, не е оженет и се ожени по две години по изградбата на куќата. Уште една глупост и ненормална мерка.
Премиеру остави ја градежната мафија не им слугувај со вакви мерки, рестартирај ги старите стопански капацитети што зјаат празни или се руини, како например, Охис, Стаклара, Порцеланка, Хив и други, обезбеди работни места на македонскиот работник наместо да увезуваш бедници од Индија слугувајки им на олигарсите и капитал класата. Но знам дека тоа не го смееш иако знаеш дека наскоро ке доживееш бродолом и ке ти потоне бродот.
Македонските работници, а најголемите мегу нив земјоделците нема веке да ти дозволат да ги лажеш и ке ти го свртат грбот, нема да те спасат ниту четирите златни букви во името што максимално ги избрука и злоупотреби. Глумиш патриот и револуционер а си невидена штеточина за народот гледајки го само личниот интерес и на екипата околу тебе.
Но кога сме кај тоа, не можам а да не го спомнам и впечатокот дека најголема штета на Македонија и носат партиите со повеке од 10000 члена. Тоа веке не се партии туку механизми, а створени се за да ја окупираат државата во сите пори, посебно во огромната администрација, тука нема идеја туку сурова борба за власт.
Овој механизам го предводи една аналфабетска интелегенција со дипломи од разни квази факултети и тие се директори, градоначалници и други раководители. Време е такви гломазни механизми кои се нарекуваат големи партии да се разкринкаат и да доживеат тежок пораз на наредните избори – се вели во соопштението на Работничката партија.

