ЈП ЛАЈКА Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор

ЈП ЛАЈКА Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор

Ја информираме јавноста дека во изминатата недела (16 – 22 ноември 2026) граѓаните вдомија 10 кучиња од ЈП Лајка, што нѐ прави исклучително задоволни бидејќи на овој начин се остваруваме две цели за кои се залагаме – намалување на бездомната популација кучиња на територијата на Град Скопје и развивање на свесноста за придобивките од вдомувањето бездомно куче.

Во истиот овој период, тимовите на ЈП Лајка во Скопје заловија 40 улични кучиња, од кои најголем број на територијата на општина Гази Баба – 18.

Во последниот период нашите тимови забележуваат зголемен број сопственички кучиња на јавни површини, без присуство на сопственикот. Предупредуваме дека секое куче што ќе биде лоцирано на јавна површина, без разлика дали е микрочипирано или не, согласно нашите надлежности, се заловува од страна на ЈП Лајка.

Од тие причини, апелираме до сите сопственици да ги почитуваат законските прописи и да не ги оставаат своите миленици да се движат слободно на јавни површини без надзор.

Со одговорна грижа, сопствениците го намалуваат ризикот нивните кучиња да се изгубат, а со спречување на неконтролираното размножување придонесуваат и за намалување на бројот на бездомни кучиња во Скопје.

 

CATEGORIES
Share This