НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ПАРНОТО ОД 1 ЈАНУАРИ 2027 Домаќинствата ќе плаќаат до 7,5%, а фирмите до 13% поскапо
Најголем удар ќе почувствуваат фирмите и правните лица, за кои се предлага поскапување од околу 13%.

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење. Според предлог-тарифите на РКЕ, домаќинствата приклучени на „ЕСМ Снабдување“ и „Скопје Север“ ќе плаќаат 7,5% повеќе, додека за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ е предвидено зголемување од 7,2%.
Најголем удар ќе почувствуваат фирмите и правните лица, за кои се предлага поскапување од околу 13%.
Како главна причина за зголемувањето се наведува повисоката цена на природниот гас. Доколку предлог-тарифите бидат усвоени, ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, по претходните корекции со кои цената веќе порасна за околу 11%.
Новите цени треба да стапат во сила на 1 јануари 2027 година.
CATEGORIES Бизнис

