„ДАМАТА СО КАМЕЛИИ“ НА СЦЕНАТА НА НОБ Балетна вечер исполнета со љубов, страст и трагични емоции на 28 ноември

Инспирирана од приказната за Маргарита и Арман, претставата ја носи на балетската сцена судбината на двајца вљубени, чии чувства се соочуваат со тешки лични и општествени предизвици.

„ДАМАТА СО КАМЕЛИИ“ НА СЦЕНАТА НА НОБ Балетна вечер исполнета со љубов, страст и трагични емоции на 28 ноември

Националната опера и балет на 28 ноември, со почеток во 19:30 часот, ќе ја изведе балетската претстава „Дамата со камелии“ – емотивна љубовна приказна за страста, жртвата и општествените ограничувања, проследена со музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од приказната за Маргарита и Арман, претставата ја носи на балетската сцена судбината на двајца вљубени, чии чувства се соочуваат со тешки лични и општествени предизвици.

Под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, балетот ќе биде изведен со кореографија на рускиот кореограф Василиј Медведев, кој соработувал со познатите балетски театри „Бољшој“ и „Марински“. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и шпанскиот балетски уметник Франциско Хименес Руиз, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со музиката на Верди, раскошните костими и сценографија и впечатливата кореографија, „Дамата со камелии“ ветува вечер исполнета со силни емоции и уметничко доживување за љубителите на балетот.

CATEGORIES
Share This