Втор дел: Продеканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Јулија Живадиновиќ Богданоска-член на Комисијата за распределба на стипендии – има ли крај???
Ги охрабрувам новинарите да ги истражат овие појави. Го повикувам независното, истражувачко новинарство да ги побара одговорите од Медицинскиот факултет, од надлежните и од продеканката.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија
Недела, 22 ноември 2026 година
После моето доставено барање за пристап до информации од јавен карактер до Медицинскиот факултет во Скопје, на ден 03.11.2026 година добив Одговор со бр. 03-5926/2. Во наведениот одговор се наведува дека за академските 2023/2024,2024/2025, 2025/2026 редовен член на Комисијата за стипендии од редот на професорите на факултетот е исклучително проф.д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска. Дури и за 2023/2024 годинакога оваа комисија одлучувала и донела одлука врз основа на просекот од студирање, стипендија да добие и најдобриот студент на Медицински Факултет со просек 10% (според информации од студентската служба), а тоа е токму нејзинот син ИВАН БОГДАНОВСКИ.
Да бидеме на чисто, јас не навлегувам во просекот на студирање на синот на продеканката проф.д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска. Штом истиот успеал да ги положи сите испити со оценка 10 на овој факултет, тоа значи дека навистина е солиден студент кој оставил најдобар впечаток кај секој професор на Медицинскиот факултет. Според инсајдерски информации Медицинскиот факултет, синот на продеканката проф.д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска дури и пред сесија ги положувал сите испити, за него редовните сесии биле далечни (за се постоела трага во електронскиот индекст). Овие информации се познати на деканотот и службите на Медицинскиот факултет и затоа овие верувам гласини стигнаа и до мене.
За оваа негативна појава која почнала да станува практика од 2023 година лично не верувам дека не знал деканот и посебно верувајќи во неговата чесност и компетенција, не сум убеден дека не и укажал. Но, дали бил доведен во заблуда од продеканката проф.д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска незнам, но верувам дека проф.д-р Свето Антовиќ не би дозволил таква практика. Тоа треба да си го расчистат тие професионално и како дел од менаџментот на факултетот. Кој и дава толку моќ на оваа професорка? Во нејзината биографија и податоци од достапни социјални мрежи не добив одговор. Единствено до мене стигна информација дека од политичарите единствено е забележана со Андреј Жерновски.
Синот на продеканката проф.д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска ќе ја добиел стипендијата и без нејзино членство во комисијата. Тоа е ноторен факт, студент кој е со висок капацитет, со сите 10 во индекс тоа го заслужува. Патот за иден професор на овој факултет му е добро трасиран.
За оваа сега на ред да одговорат се:
1.Државна комисијај за спречување на комисија
2.Универзитетскиот сенат
3.Проректорот за настава на УКИМ
4.Овластеното лице за прием на пријави за корупција.
До сите нив доставен е целокупниот материјал и прифатен од истите. Го повикувам и советникот на Премиерот за областа на здравството г-дин Дејан Грамбозов да повика на акција за стопирање на овие негативни појави и да се побара разрешување на продеканката проф.д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска од продекан на факултет, кога истата и покрај материјалните факти не помислува да си поднесе оставка како висок морален чин. Многу индекси само се шетаат низ кабинетите, а студентите ги нема (сомнеж за кој се повеќе се зборува во јавноста). Ги охрабрувам новинарите да ги истражат овие појави. Го повикувам независното, истражувачко новинарство да ги побара одговорите од Медицинскиот факултет, од надлежните и од продеканката. Во администрацијата владее тотален страв поради притисок од врвот на факултетот да не комуницираат со поедини вработени кои се прогласени за нелојални и така полесно е продекнаката која ете гледате прави што си сака.
Во наредниот период ќе следуваат и нови информации кои стигнаа до мене, а кои секако пред да ги објавам потребно е да ги проверам заради почитување на човековото достоинство. Почитуван Грамбозов, превземете мерки и активности, одличен е ефектот од разрешувањето на директорите на трите клиники, но не смеете да го заборавите и Медицинскиот факултет. Од првата моја колумна на оваа тема очекувам поагилна акција за оваа состојба и со тоа да покажете дека нема да се толерира никаков процент на судир на интереси и неетичко однесување. Ако се премолчат состојбите тие еден ден ќе се вратат со негативни последици и по Владата која активно бара да се пријавуваат сите случаи на индикативно однесување. Време за чекање нема. Институциите се на потег. Оставка од продеканката нема, но институциите може да наложат исто така одговорност. Јавноста е со големо исчекување!
Прашање е дали и во 2026/2027 година продеканката повторно била во комисијата за стипендии??? Има ли крај на овие опасни кадровски решенија? Јавноста очекувам одговорност и одговорно однесување, затоа што тоа е единствен начин да не им се прави штета на студентите кои имаат просек 10 на Медицинскиот факултет и ја продолжуваат фамилијарната лоза.
Наредната недела ќе бидат информирани: Канцеларијата на ЕУ, ОБСЕ и амбасадата на САД.


