ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА УШТЕ ВО 2022 БАРАШЕ ОД РУСКАТА ЦРКВА ПРИЗНАВАЊЕ НА МПЦ Денес Патријархот Кирил потврди – Македонската црква има законска автокефалност

Единствена Македонија уште во 2022 година го побара ова признавање. Денес ја поздравуваме историската потврда на нашето барање!

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА УШТЕ ВО 2022 БАРАШЕ ОД РУСКАТА ЦРКВА ПРИЗНАВАЊЕ НА МПЦ Денес Патријархот Кирил потврди – Македонската црква има законска автокефалност
Фото: Принтскрин

Единствена Македонија со задоволство ја поздравува средбата на претставниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со патријархот на Руската православна црква, Кирил, и чинот на потврдување на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Руската православна црква.

Овој историски чин претставува значаен момент за Македонската православна црква, за македонскиот народ и за вековните духовни и историски врски меѓу Македонија и Русија.

Особено сакаме да потсетиме дека Единствена Македонија уште на 25 мај 2022 година побара од Руската православна црква безусловно да ја признае автокефалноста на МПЦ – ОА.

Тогаш посочивме дека Руската православна црква, имајќи ја предвид својата водечка улога во православниот свет и традиционалните духовни врски со македонскиот народ, има историска можност да придонесе за исправување на неправдата кон МПЦ-ОА.

Денес, со особена радост констатираме дека нашето тогашно барање добива историска потврда.

Единствена Македонија смета дека признавањето на автокефалноста од страна на Руската православна црква е многу повеќе од црковен чин. Тоа е потврда на вековната духовна традиција, историскиот континуитет и правото на Македонската православна црква самостојно да го организира својот црковен живот.

Упатуваме благодарност до патријархот Кирил и Руската православна црква за овој значаен чекор, со надеж дека духовните врски меѓу македонскиот и рускиот народ ќе продолжат да се продлабочуваат.

Единствена Македонија уште во 2022 година преземаше конкретни активности и го побара ова признавање. Денес ја поздравуваме историската потврда на нашето барање!

CATEGORIES
TAGS
Share This