СИНОЌА БОГАТА ФЕТСИВАЛСКА ВЕЧЕР ВО МКЦ Две претстави од регионот, а концертот беше бесплатен
51. издание на Млад отворен театар (МОТ) продолжува со разновидна програма, која синоќа носи две театарски претстави од Хрватска и Босна и Херцеговина, како и концерт на косовско-швајцарската изведувачка на традиционални песни ARBËRESHË, за кој влезот беше бесплатен.

Публиката во рамките на 51. издание на Млад отворен театар синоќа имаше можност да проследи современи театарски остварувања и музичка програма со традиционален призвук.
Фестивалската вечер започна во салата „Фросина“ при МКЦ, со претставата „Закопани чуда“ на хрватската уметничка организација „Глумац има времена, глумица има времена“ – ТАХТ, во режија на Нина Виолиќ.
Создадена според делото на Моника Херцег, мултимедијалната претстава претставува интимна сценска приказна за љубовта, сеќавањето и илузијата. Преку три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот публиката се соочува со еден живот исполнет со спомени, желби, нежност, страв и страст.
Во претставата настапија Леон Лучев и Јелена Граовац Лучев. Изведбата траеше 90 минути, се игра на хрватски јазик и има македонски наднаслови.
Потоа, во Клуб МКЦ, следуваше претставата „Смртен исход од атлетските повреди“ на „Моје позориште“ од Босна и Херцеговина, во режија на Тара Маниќ, работена според истоимениот роман на Милица Вучковиќ.
Фестивалската вечер ја надополнија и настапот на косовско-швајцарската изведувачка ARBËRESHË, која ќе претстави традиционални песни. За овој музички настан влезот беше бесплатен.
Со ваквата програма, МОТ продолжува да ја поврзува современата регионална театарска сцена со музички изрази и традиции, нудејќи ѝ на скопската публика уште една вечер исполнета со различни уметнички доживувања.

