РАФАЕЛ НАДАЛ ДОБИ НОВА ФУНКЦИЈА ВО РЕАЛ МАДРИД Перез му резервираше место веднаш до себе

Легендарниот шпански тенисер и голем навивач на „кралскиот клуб“ влегува во Управниот одбор на Реал Мадрид.

РАФАЕЛ НАДАЛ ДОБИ НОВА ФУНКЦИЈА ВО РЕАЛ МАДРИД Перез му резервираше место веднаш до себе
Фото: Принтскрин

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал доби нова и значајна функција во Реал Мадрид, откако беше назначен за член на Управниот одбор на клубот. Веста беше објавена на Генералното собрание на членовите на мадридскиот гигант.

Надал од 2011 година ја носи титулата почесен член на Реал Мадрид, а за новата функција допрва треба да добие формално одобрување на посебна седница. Сепак, претседателот Флорентино Перез реши уште на почетокот на собранието да побара согласност од присутните легендарниот тенисер веднаш да седне покрај него. Предлогот беше прифатен со едногласни аплаузи.

Поранешниот светски тениски ас седна од десната страна на Перез, место кое традиционално се поврзува со позицијата на потпретседател. Со овој гест беше нагласена блиската поврзаност меѓу двајцата, но и посебната врска на Надал со клубот за кој навива уште од детството.

Ова е огромна одговорност и голема чест за мене. Љубовта кон Реал Мадрид се пренесува од родители на деца и претставува нешто што ги обединува луѓето. Се надевам дека ќе останам уште многу години во мојот омилен клуб.

Ќе работам Реал Мадрид да продолжи да биде успешен клуб. Ви благодарам на сите и… Хала Мадрид!“, порача Надал.

Шпанецот, кој во блескавата тениска кариера освои 22 гренслем-титули, со новата функција добива уште позначајна улога во клубот. По завршувањето на професионалната тениска кариера, Надал сега добива можност да придонесува за успехот на својот омилен клуб и надвор од спортските терени.

CATEGORIES
Share This