ВЕМБАЊАМА ЕКСПЛОДИРАШЕ СО 50 ПОЕНИ, А ОТКРИ И КОЈ ГО ИНСПИРИРАЛ Селена Гомез беше на трибините

Вембањама постигна 50 поени во победата на Сан Антонио, но по мечот откри дека сакал да импресионира специјална гостинка – Селена Гомез.

ВЕМБАЊАМА ЕКСПЛОДИРАШЕ СО 50 ПОЕНИ, А ОТКРИ И КОЈ ГО ИНСПИРИРАЛ Селена Гомез беше на трибините
Фото: Принтскрин

Неколку интересни натпревари се одиграа синоќа во НБА-лигата, а вечерта ја одбележаа драматични завршници и индивидуалниот настап на младата ѕвезда на Сан Антонио.

Најголемото внимание го привлече Виктор Вембањама, кој постигна неверојатни 50 поени во убедливата победа на Сан Антонио над Њу Орлеанс од 114-91. За францускиот „еднорог“ ова беше втора партија со најмалку 50 поени сезонава.

Интересно е што Вембањама по натпреварот откри дека дополнителна мотивација му било присуството на популарната Селена Гомез, која од трибините навивала за Спарси. Французинот сакал да се покаже во најдобро светло пред познатата гостинка и очигледно успеа во тоа.

Возбудливо беше и во Портланд, каде што Њујорк Никс славеа со 97-96, благодарение на тројката на Мајкл Бриџис во последната секунда од натпреварот.

Изненадување приреди и Сакраменто, кој минимално со 97-96 го совлада Бостон. За Кингс ова беше дури втора победа сезонава, додека Селтикс останаа без очекуваниот триумф.

CATEGORIES
Share This