ДРЖАВАТА НАТРУПАЛА 713 МИЛИОНИ ЕВРА НЕПЛАТЕНИ ДОЛГОВИ Само за комуналии, греење и транспорт се должат 124 милиони евра

Долговите кон ЕВН доведоа до исклучување на струјата во пет објекти на УКИМ, меѓу кои четири факултети и зградата на Ректоратот.

ДРЖАВАТА НАТРУПАЛА 713 МИЛИОНИ ЕВРА НЕПЛАТЕНИ ДОЛГОВИ Само за комуналии, греење и транспорт се должат 124 милиони евра
Фото: Принтскрин

Неплатените сметки на државните институции за комунални услуги, греење, комуникации и транспорт достигнале 124,06 милиони евра. Станува збор за доспеани, а неплатени обврски во вкупен износ од 7,63 милијарди денари, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Последица од натрупаните долгови веќе се почувствува и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поради неплатени обврски кон ЕВН, без електрична енергија останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот.

Според податоците за пријавените обврски, долгот за комунални услуги, греење, комуникации и транспорт е втора најголема ставка во вкупните неплатени обврски на државата, кои изнесуваат 712,86 милиони евра.

Најголем долг има кај ставката за материјали и ситен инвентар, со 149,90 милиони евра. Потоа следуваат другите тековни расходи со 81,14 милиони евра и отплатата на главнина кон нерезидентни кредитори со 76,01 милиони евра.

CATEGORIES
Share This