ПРИВЕДЕН 87-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ Возел во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“

Автомобилот со кој го сторил делото е привремено одземен. За ваквото кривично дело е предвидена парична казна или затвор до три години.

ПРИВЕДЕН 87-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ Возел во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“

87-годишен скопјанец е приведен откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како вози во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Полицијата го идентификувала возачот како И.Г. (87), а по службениот разговор, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Автомобилот со кој го сторил делото е привремено одземен. За ваквото кривично дело е предвидена парична казна или затвор до три години.

CATEGORIES
Share This