ПО РЕАКЦИЈАТА НА СТОЧАРИТЕ, СТИГНА ИСПЛАТА 3.656 млекопроизводители добија речиси 65 милиони денари

Платежната агенција исплати премии за произведеното и предадено млеко за јули и август 2025 година.

ПО РЕАКЦИЈАТА НА СТОЧАРИТЕ, СТИГНА ИСПЛАТА 3.656 млекопроизводители добија речиси 65 милиони денари
Фото: Принтскрин

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 64.927.881 денари на сметките на 3.656 млекопроизводители.

Според информацијата од Платежната агенција, средствата се однесуваат на премиите за произведеното и предадено млеко за јули и август 2025 година.

Исплатата доаѓа по реакцијата на сточарите, кои на прес-конференција во понеделникот предупредија дека премии за млекото им биле исплатени последен пат заклучно со јуни 2025 година.

Со денешната исплата се опфатени два месеца од заостанатите премии, додека останува прашањето за динамиката на исплатата на преостанатите средства.

CATEGORIES
Share This