ВОЗАЧИТЕ ДА ВНИМАВААТ Еве каква е состојбата на патиштата
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, коловозите се претежно суви, а на граничните премини нема подолги задржувања.

Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември 2026 година стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 17 ноември, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила поради сезонскиот режим на сообраќај.

