ДОЖДОТ ЌЕ ПРЕСТАНЕ, НО ВЕТЕРОТ ЌЕ ЗАСИЛИ – УХМР со прогнозата денес
Наутро повремен дожд во западните и североисточните делови, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Фото: Национал
Во утринските и раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, особено во западните и североисточните делови од земјата. Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Минималната температура ќе изнесува 4, а максималната ќе достигне 21 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, во раните утрински часови ќе има услови за слаб дожд, а во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

