НАЦИОНАЛНИТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ЗАЕДНО СО СВЕТСКАТА ЅВЕЗДА КУРТ ЕЛИНГ Настапот ќе биде на завршната вечер на престижниот Guimarães Jazz фестивал во Португалија
Концертот ќе се одржи во Centro Cultural Vila Flor во Гимараеш, каде македонските музичари ќе ја претстават својата изведба пред меѓународната публика.

Националниот џез оркестар на 21 ноември ќе настапи на завршната вечер на 35. издание на престижниот Guimarães Jazz фестивал во Португалија, заедно со познатиот американски џез-вокалист Курт Елинг (Kurt Elling), под диригентство на маестро Џијан Емин.
Концертот ќе се одржи во Centro Cultural Vila Flor во Гимараеш, каде македонските музичари ќе ја претстават својата изведба пред меѓународната публика.
Курт Елинг е еден од најпознатите светски џез-вокалисти, добитник на две награди „Греми“, со кариера подолга од три децении.
Настапот претставува уште едно значајно меѓународно претставување на македонскиот џез и Националниот џез оркестар.
CATEGORIES Култура

