ЧЕСТИТЕ ИЗМЕНИ НА УСТАВОТ ЈА ОСЛАБУВААТ НЕГОВАТА УЛОГА КАКО НАЈВИСОК ПРАВЕН АКТ Особено оние иницирани однадвор

Сиљановска-Давкова нагласи дека од вкупно 36 уставни амандмани, дури 21 биле иницирани однадвор.

ЧЕСТИТЕ ИЗМЕНИ НА УСТАВОТ ЈА ОСЛАБУВААТ НЕГОВАТА УЛОГА КАКО НАЈВИСОК ПРАВЕН АКТ Особено оние иницирани однадвор

Честите измени на Уставот, особено оние иницирани однадвор, ја ослабуваат неговата улога како највисок правен акт и основен општествен договор меѓу граѓаните. Ова го истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Македонија.

Осврнувајќи се на Уставот од 1991 година, во чија подготовка учествувала како надворешна членка на Комисијата за уставни прашања, таа посочи дека неговото донесување било демократски и транспарентен процес, и покрај сложените политички околности.

Сиљановска-Давкова нагласи дека од вкупно 36 уставни амандмани, дури 21 биле иницирани однадвор. Таа упати критики и на уставноправната техника со која се подготвени измените, оценувајќи дека нивната невоедначеност ја прави преамбулата тешко разбирлива.

Според неа, честите промени го доведуваат во прашање Уставот како општествен договор и го ослабуваат уставниот патриотизам.

Претседателката предложи проширување на собраниската Уставна комисија со надворешни експерти, кои заедно со пратениците континуирано ќе ја анализираат примената на Уставот и ќе предлагаат решенија за унапредување на уставниот поредок. Како една од темите ја посочи и подготовката на одредби за односот меѓу националното и европското право.

Во обраќањето ја истакна и важноста на почитувањето на европските демократски вредности, нагласувајќи дека Европската Унија треба да остане заедница заснована на заеднички принципи и вредности.

CATEGORIES
Share This