АЛАРМ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО Се помалку пченица на нивите, земјоделците немаат рачун

Ниската откупна цена, скапите ѓубрива и горивото ги принудуваат земјоделците да ги намалуваат површините под пченица.

АЛАРМ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО Се помалку пченица на нивите, земјоделците немаат рачун
Фото: Принтскрин

Есенската сеидба влегува во завршна фаза, временските услови и влагата во почвата се поволни, но неизвесно е колкави површини годинава ќе бидат посеани со пченица. Ниските откупни цени, зголемените трошоци за производство и неисплатливоста ги принудуваат земјоделците да се откажуваат од дел од површините.

Малиот интерес за откуп и ниската цена на пченицата од годинашната реколта оставија дел од производителите со непродадени количини во складовите. Истовремено, цените на нафтата, ѓубривата и другите репроматеријали продолжуваат да растат.

Земјоделците предупредуваат дека доколку државата и Министерството за земјоделство не преземат конкретни мерки, Македонија сè повеќе ќе стане зависна од увоз на пченица.

Според податоците на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, годинава се планира сеидба на околу 15.000 хектари, од кои најголемиот дел, околу 12.000 хектари, се предвидени за пченица, а 2.700 хектари за јачмен. Досега се посеани околу 40 проценти од планираните површини.

Дополнителен проблем за земјоделците се трошоците за гориво. Иако 3.853 земјоделци од Битола ги добиле картичките за зелена нафта, тие бараат поддршката да се пресметува во литри, наместо во паричен износ, поради високата цена на горивото.

Неисплатените субвенции остануваат уште еден од проблемите со кои се соочуваат земјоделските производители.

CATEGORIES
Share This