МИЦКОСКИ: ОВА Е ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА Македонија бележи над 1,1 милион туристи и раст на ноќевањата

Премиерот соопшти дека заклучно со септември веќе е надмината целта од еден милион туристи, а во третиот квартал се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе во споредба со истиот период минатата година.

МИЦКОСКИ: ОВА Е ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА Македонија бележи над 1,1 милион туристи и раст на ноќевањата
Фото: Принтскрин

Мицкоски посочи дека владината амбиција на почетокот на годината била Македонија да достигне еден милион туристи и три милиони ноќевања, но најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека целта за бројот на туристи веќе е надмината.

Дополнително, споредбата на третиот квартал со истиот период минатата година покажува зголемување за 35.000 туристи и 110.000 ноќевања, што претставува раст од повеќе од шест проценти и по двете основи.

„Податоците се прилично охрабрувачки. Ние веќе, заклучно со септември, сме на повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, што значи дека ќе одиме над тоа што сме го предвиделе како цел. Во третиот квартал, споредено со третиот квартал минатата година, имаме 35.000 туристи повеќе и 110.000 ноќевања повеќе, што е добро, тоа е повеќе од шест отсто раст и по една и по друга основа“, изјави премиерот.

Тој упати и политичка порака до опозицијата, оценувајќи дека позитивните економски показатели не се во прилог на нејзините очекувања.

„И повторно, ова е лоша вест за опозицијата. Тие би сакале да назадуваме, но, за нивна жал, а за добро на граѓаните, одиме напред“, рече Мицкоски.

Изјавата ја даде по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик“, во Општина Кисела Вода.

МИЦКОСКИ: ДОЈДОВМЕ ДО НУЛА Од сега очекувам раст

CATEGORIES
Share This