СО НЕТАНЈАХУ НЕМА ДОГОВОР Ајзенкот ја отфрли понудата за влада на национално единство, но остави врата отворена за Ликуд

Мандатарот за состав на новата израелска влада ја нарече иницијативата на Нетанјаху политички трик и порача дека е подготвен за коалиција со неговата партија, но под сопствено водство.

СО НЕТАНЈАХУ НЕМА ДОГОВОР Ајзенкот ја отфрли понудата за влада на национално единство, но остави врата отворена за Ликуд
Фото: Принтскрин

Лидерот на израелската партија Јашар и мандатар за состав на новата влада, Гади Ајзенкот, ја отфрли понудата на премиерот во заминување Бенјамин Нетанјаху за започнување преговори за формирање влада на национално единство.

Ајзенкот оцени дека иницијативата на Нетанјаху е уште еден политички трик, посочувајќи дека претставници на партиите Ликуд и Јашар веќе имаат закажано средба за утре, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој категорично ја исклучи можноста за какво било коалициско партнерство со Нетанјаху, но остави отворена врата за соработка со партијата Ликуд доколку таа настапи без актуелниот премиер во заминување.

Ајзенкот порача дека е подготвен да формира коалиција со Ликуд, но под негово водство.

ИЗРАЕЛ ВО ПОЛИТИЧКИ ПРЕСВРТ Нетанјаху го брифираше Ајзенкот за безбедносните и дипломатските предизвици

CATEGORIES
Share This